ВИДЕО | Страшна смрт на поранешна фудбалска ѕвезда, удрил право во ѕид со 220 км/ч, а сведоците ги откриваат грозоморните детали за несреќата…

Страшна несреќа се случи на автопатот кон Минск. Во сообраќајна несреќа животот го загуби Александар Карјакин, 32-годишен фудбалер и поранешен играч на московските клубови Динамо и Спартак, како и на Химки. Трагедијата се случила околу 01:30 часот, а според руските медиуми автомобилот на фудбалерот удрил во ограда, по што неколку пати се превртел.

Александар Карјакин по судирот бил пренесен во болница каде им подлегнал на тешките повреди.

Тоа се случи на 30 метри од мене. Се тркаа два спортски автомобили. Автомобилот се движел со брзина од најмалку 140 километри на час, можеби и повеќе“, изјавил за руските медиуми еден од очевидците, кои шпекулираат дека фудбалерот возел со многу поголема брзина, дури и повеќе од 220 километри на час.