ВИДЕО | ХОРОР ВО КОЛУМБИЈА – Претседател на фудбалски клуб убиен среде ден пред очите на неговата ќерка: Причина – наместен натпревар !?

Од Колумбија ни пристигнуваат катастрофални вести.

Претседателот на фудбалскиот клуб Тигре, второлигашот на оваа земја, Едгар Паез, почина откако двајца непознати навивачи го пресретнале на сред улица и го испукале четири пати во главата и вратот.

Едгар Паез се враќал со автомобил од натпреварот во кој неговиот клуб победил со 3:1, придружуван од неговата ќерка која за среќа останала неповредена.

Напаѓачите некое време го следеле, а потоа го искористиле вистинскиот момент и отвориле оган, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Тамошните медиуми наведуваат дека можен мотив за убијците би можела да биде поврзаност со спортско обложување и местење натпревари.

Поради оваа трагедија сите натпревари од следното коло од првата и втората лига на Колумбија ќе започнат со едноминутно молчење, а целата земја остана во шок поради овој настан.