Видиќ ја повлече кандидатурата за прв човек на српскиот фудбал

 Поранешниот српски капитен Немања Видиќ соопшти денеска дека ја повлекол кандидатурата за претседател на Фудбалската федерација на Србија (ФСС).

Одлуката на прославениот српски фудбалер и поранешен член на Манчестер јунајтед доаѓа ден пред утрешното изборно собрание на ФСС во Стара Пазова.

„Пред нашиот фудбал се големи предизвици. Мојата идеја беше и остана да соберам тим од врвни професионалци кои се кадарни да ги решат тие предизвици можеби поквалитетно од кои и да е друг во Европа. За жал, на секој чекор од патот да станам претседател на ФСС јасно ми е ставено на знаење дека таа шанса нема да ни биде пружена. На овој начин сакам да ве известам дека ја повлекувам кандидатурата за претседател на ФСС“, објави поранешниот капитен на српската фудбалска репрезентација и на Манчестер јунајтед.

По одлуката на Видиќ да се повлече од трката, единствен кандидат за претседател на ФСС останува легендарниот југословенски репрезентативец и почесен претседател на Црвена ѕвезда, Драган Џајиќ.