Груби: Руски агенти преку „ИГХ“ се обиделе да ја спречат изградбата на 8. Коридор

Заменик Премиерот Артан Груби вели дека како координатори на проектот за изградба на 8. Коридор спречил интервенција на хрватска компанија предводена од агент за да се спречи изградбата на Коридорот што ги поврзува Mакедонија со Албанија и Косово.

Групата за „Еуроњуз Албанија“ откри дека на тендерот за изградба на Коридорот 8 се обидела да се вклучи и компанијата „ИГХ“ со седиште во Хрватска, но со одбор во кој учествувале тројца руски агенти.

Откри, исто така, дека германскиот извештај нагласува дека има многу медиуми и новинари во Македонија кои се платени од Русија.

„Во Македонија има над три политички партии, од кои едната е парламентарна. Има невладини организации. Во германскиот извештај се зборуваше и за новинари кои се платени од Русија. Највознемирувачка за нас е руската интервенција во спречувањето на изградбата на Коридорот 8, преку хрватска компанија, која имаше најмалку три руски агенди. Македонија го почна Коридорот 8 од Скопје до Тирана, со ова се приклучуваме кон триаголникот, се елиминираат границите, за да се надгледува ова, аплицираше „ИГХ“ што го купи руски олигарх, кој аплицираше за надзор на Коридорот 8. Целта беше да се спречи изградбата на Коридорот 8, кој се чува во фиока над 32 години.