Дали е ова крај на агонијата? Хамас сака да ги ослободи заложниците, а од Израел бара само едно

Британските медиуми потврдија дека Хамас понудил ослободување на некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот. Израел сè уште не се согласил на тоа.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија нови информации за статусот на заложниците. Тие велат дека повеќето од заложниците се живи. Повеќе од 20 заложници се помлади од 18 години, додека 10-20 од нив се постари од 60 години, соопштија тие.

ИД соопшти дека бројот на исчезнати е меѓу 100 и 200, додека портпаролот на военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, во видео изјава во понеделникот рече дека бројот е најмалку меѓу 200 и 250.

Портпаролот Абу Обаид рече дека бригадите Ал-Касам држат околу 200 заложници, додека останатите ги држат други „милитантни формации“ во Газа, додавајќи дека не може да го одреди точниот број на заложници поради постојаното израелско бомбардирање.