Десерт како секс! Со што да го заведете секој хороскопски знак?

Близнаците ќе ги освоите ако им понудите торта со шлаг, Јарците ќе ги воодушевите со чоколадна крофна, а Лавовите со колач од карамела.

Не случајно се вели дека патот до срцето води низ стомакот. Кога станува збор за слатките задоволства, секој астролошки знак има омилено задоволство . За некои знаци десертот е речиси ист како сексот, додека за други е моќно средство за заведување. Прочитајте кои слатки одговараат на секој хороскопски знак и заведете ја личноста која ви се допаѓа. 

Овен

Овенот сака колачи со лимон, кифлички од малини и торта со крем сирење. Покрај тоа, тој сака и сладолед прелиен со шлаг. 

Бик

Бикот ужива во чоколадни колачи, сладолед од ванила или шлаг. Покрај тоа, таа сака пита со јаболка и торта од моркови.  

Близнаци

Близнаците обожаваат лесен чоколаден десерт, а вистинскиот избор се колачите со шлаг, особено оние со јагоди или малини. Обожаваат и сладолед од ф’стаци или диња.  

Рак

Ракот ужива во кроасани исполнети со чоколада. Пити, овошни колачи со сирење и сладолед го воодушевуваат овој љубител на калорични колачи.  

Лав

Лавот сака секакви колачи, особено чоколадните. Сепак, тие никогаш нема да одбијат торта од ванила или карамела. Колачите со банана и оние со овошни додатоци се исто така вистинскиот избор доколку сакате да го заведете овој крал на животните.

Девица

Белото чоколадо е многу пожелно кога станува збор за Девица. Чоколадните колачиња и колачињата од овес се омилени на овој знак. 

Вага

Вагите уживаат во лесен десерт. Вкусот на малини, кора од лимон и темно чоколадо е нивната омилена комбинација. 

Шкорпија

Чоколадните колачи со малку алкохол и оние со кафе се многу привлечни за овој знак. Меките чоколадни колачиња и темното чоколадо ќе му го подигнат нивото на ендорфин (хормонот на среќата), па тој нема да може да ви одолее. 

Стрелец

Стрелецот е малку љубител на егзотична храна, како што се семките од калинка натопени во алкохол или слоевити колачи. Сака и колачиња со какао во прав кои не се премногу слатки. 

Јарец

Јарецот сака чоколадни крофни, пита со ореви, колачиња со малку чоколадо или торта од банана. Сака и топло чоколадо и овошни пијалоци. 

Водолија

Водолијата сака јагоди или боровинки со шлаг и егзотични ликери. Печива наполнети со сирење или чизкејк со прелив од вишни треба да се понудат како задоволство после вечерата. 

Риба

Рибите не се комплицирани, па сакаат едноставни јадења направени од јагоди, ванила, чоколадо или сладолед. Освен тоа, обожаваат и путер од кикирики, а ако колачот се наполни со тој путер, на нивната среќа и нема крај.