Костадиновска Стојчевска: Нема жртви од пожарот во Универзална сала, објектот е обезбеден

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска со жалење и загриженост реагира на пожарот што ја зафати Универзалната сала. Таа најави дека пожарот е локализиран и изгаснат, а од институциите побара брза акција за решавање на ситуацијата.

Таа апелира да не се шпекулира за причините за пожарот. Според неа, немало жртви и загинати лица, односно целиот објект бил празен.

„Материјалната штета ќе биде констатирана пред да се продолжи со понатамошни градежни активности и ќе се утврдува причината. Објектот е осигурен“, потенцира Костадиновска Стојчевска.

„Континуирано и редовно ќе ве информираме за настаните од пожарот за да има информации што се случило, за да се избегнат шпекулации“, додаде министерот.