Дете почина во градинка во Белград

Мало дете кое имало една година и четири месеци починало во градинка во Белград.

Детето најверојатно починало во сон, пренесува Telegraf.rs.

Како што пренесуваат српските медиуми, граѓаните околу 13.30 часот виделе полицијата и итната помош во градинката.

Во градинката се присутни голем број родители, но засега никој официјално не ја потврдил информацијата за смртта на детето.

Полициската истрага е во тек.