Граѓаните на град Скопје кои имаат заостанати долгови за вода можат да склучат договори со ЈП Водовод и канализација – Скопје за отплата на рати без камата до крајот на месецов.
-ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек и истата завршува до крајот на оваа недела, односно заклучно до 31 март 2023. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање, информираат денеска од Јавното претпријатие.
Оттаму појаснуваат дека Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје граѓаните можат да го контактираат Јавното претпријатие на телефонот 02 3073 010 – Дежурно Информативен Центар, 02 3240 300 – Дирекција, како и на електронската пошта [email protected] , на веб страницата на препријатието www.vodovod-skopje.com.mk, како и не фејсбук-профилот www.facebook.com/jpvodovod.skopje.