ДРАМАТИЧНИ СНИМКИ ОД РОДС! Поради пожарот се активираа армијата и специјалците: Во тек масовна евакуација, луѓето СПАСУВААТ ЖИВОТИ

На грчкиот остров Родос, погоден од шумски пожари, досега се евакуирани околу 30.000 жители и туристи од населбите долж деветкилометарскиот фронт каде пожарникарите, армијата и локалните служби со денови се борат со пожарот.

Околу 2.000 луѓе се евакуирани по море од две плажи на Родос, изјави портпаролот на противпожарната служба Јанис Артопиос, нагласувајќи дека евакуацијата се одвивала „без инциденти“.

Родос, оган

Грчкиот Катимерини наведува дека во евакуацијата помогнале три брода на крајбрежната стража, еден воен спасувачки брод, гумени чамци на специјалните сили и околу триесет приватни пловни објекти.

Би-би-си јавува дека повеќе од 3.500 луѓе се евакуирани на безбедно по копно и море, а уште 1.200 чекаат евакуација од три села – Пефки, Линдос и Калатос.

Родос, оган

Грчката противпожарна служба изјави за британскиот медиумски сервис дека се извини за „конфузијата“ на островот, предупредувајќи дека ситуацијата може да се влоши поради временските услови.

АФП јавува дека повеќе од 200 пожарникари и пет хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот на Родос, а во моментов се води битка за гаснење на пожарите во Лермонт и Лардос.

– Ова не е пожар што ќе се гаси утре или задутре. Со него ќе треба да се справуваме со денови – изјави портпаролот на противпожарната служба, Василис Вартакојани.

Родос, оган

Тој нагласи дека ветровите и огнениот фронт долг девет километри од центарот на Родос до плажите на истокот на островот создале екстремни услови.

Според локалните власти, ветерот утринава се свртел за 180 степени, а огнот се засилил и се проширил со километри кон туристичката зона.

Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека е активиран кризниот штаб за евакуација на странски државјани, но операцијата била забавена поради пожарот, кој се проширил и прекинал некои патни рути.

Туристите и многу локални жители се преместени во спортски сали, училишта и конференциски центри на островот, каде што ќе останат во текот на ноќта додека пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.

Евакуираните туристи беа сместени на три фериботи закотвени во пристаништето Родос.