Експлозија во фабрика за оружје! Жителите во страв: „Се чувствуваше како земјотрес“

Според британските медиуми, силна експлозија се случила во фабрика за оружје во Јужен Велс. Исто така, се вели дека е фабрика управувана од најголемиот воен изведувач во Европа.

На местото на настанот веднаш се испратени сите дежурни екипи.

Инцидентот се случил нешто пред 11 часот утринава во фабриката „BAE Systems Glascoed in Monmouthshire“.

Противпожарната и спасувачката служба на Јужен Велс соопшти дека имало инцидент во просториите на БАЕ кога се случила експлозија во зградата.

Сите служби за итни случаи се на лице место.

Говорејќи за локалните медиуми, еден жител рече дека татнежот на експлозивот „се чувствувал како земјотрес“.

Тој додаде дека нивниот автомобил се тресел од силината на експлозијата.

Портпаролот на BAE Systems откри дека експлозијата се случила во оддалечена фабрика која обично се користи за полнење гранати, додавајќи дека нема извештаи за повредени.