Жена спиела покрај мртвата сестрa – Хорор во Палилула: Пожарникарите ја скршиле вратата од станот, наишле на морничава сцена

Тело во распаѓање на жена на возраст од околу 60 години е пронајдено синоќа во Палилула во станбена зграда. Се сомнева дека се работи за жена која живеела таму со нејзината сестра близначка, на која од неодамна и’ се изгубила трагата.

Според неофицијални информации, телото било пронајдено синоќа кога соседите пријавиле во полиција дека една од сестрите долго време не била видена.

Според соседите, во зградата имало смрдеа а еден сосед наводно, вчера ја видел едната од нив.

– Една од станарите ја известила полицијата бидејќи одамна не сме ја виделе. Едната всушност ја видовме, но другата ја немаше можеби повеќе од еден месец – изјавила една од соседите на сестрите и додала дека соседите не биле во добри односи со нив.

Според неа, кога пристигнала полицијата никој не ја отворил вратата.

– По извесно време пристигнале пожарникарите кои ја скршиле вратата и внатре затекнале страшна глетка. Телото било во фаза на распаѓање, а другата сестра утрото ја виделе соседите.

,,Обично доаѓаше навечер, веројатно спиеше таму и заминуваше наутро. Поради оваа причина, претпоставуваме дека спиела во станот во кој се распаѓало телото на нејзината сестра – изјавила сосетка.

Како што изјавила, набрзо по пожарникарите пристигнала и брзата помош.

– Мораа да ја потврдат смртта. За сето тоа време сестрата, која веројатно е жива, не дошла во станот, или можеби видела полиција и побегнала – претпоставува соговорникот.

Како што ни објаснија соседите, тие не се омажиле и живееле сосема сами откако нивните родители починале.

– Онаа што е жива е докторка, а образована беше и нејзината сестра – вели жената која сè уште е во шок поради сè што се случило.