Ибрахимовиќ: Головите се подобри од сексот? Тоа го мисли само некој со проблем во кревет (видео)

Златан Ибррахимовиќ го даде своето прво големо интервју откако реши да се пензионира на почетокот на јуни годинава. Легендарниот Швеѓанец реши да стави крај на фудбалската кариера на 41 година, а зборуваше за сè што постигна во својата кариера при гостувањето кај Пирс Морган.

Целото интервју ќе биде објавено во наредните денови, а засега на Твитер се достапни само некои детали од разговорот на шведскиот фудбалер и познатаиот водител. Еден детаљ особено ја воодушеви публиката која веќе на големо го споделува објавениот клип на социјалните мрежи.

Имено, Морган го праша Ибрахимовиќ дали е од оние фудбалери кои велат дека постигнувањето голови е подобро од сексот, а Швеѓанецот одговори во свој стил.

,,Сексот е подобар. Секој што мисли поинаку има проблем во креветот“, рече Ибрахимовиќ.