Ибрахимовиќ е најстариот играч во историјата на евроквалификациите

 Златан Ибрахимовиќ стана најстариот играч во историјата на евроквалификациите.

Со 41 година и 172 дена, шведскиот напаѓач се појави на теренот во 73. минута од квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 одигран синоќа против Белгија (0:3).

Пред Златан, голманот на Италија, Дино Ѕоф, кој играше против Шведска на 41 година и 3 месеци во 1983 година, беше најстариот играч во историјата на евроквалификациите.

Вреди да се нагласи дека Ибрахимовиќ има 122 натпревари за Шведска и 62 гола.