Израелската армија за 24 часа извршила напади на 450 позиции во Газа

Израелската армија денес соопшти дека извршила напади на над 450 позиции во блокираниот Појас Газа во последните 24 часа.

„Авион на израелското воздухопловство неутрализира голем број терористи во серија прецизни напади“, објави армијата, додавајќи дека тројца „терористи“ биле погодени и од беспилотно летало.

Армијата информира дека извршила „серија рации кои траеле околу два часа, врз палестинска ќелија во Хан Јунис“, во јужниот дел на Појасот Газа.

„Како дел од задачите што ги спроведе борбената група на 7-та Бригада во Хан Јунис, нападот на бригадата врз ќелијата ги насочи авионите на воздухопловните сили и елиминира голем број милитанти во серија прецизни напади што траеја околу два часа“, соопшти армијата.

Засега нема коментар од Хамас за изјавите на израелската армија.

Израел ја продолжи својата воена офанзива против Појасот Газа на 1 декември по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас.

Најмалку 17.177 Палестинци загинаа, а над 46.000 се повредени во немилосрдните воздушни и копнени напади врз енклавата од 7 октомври по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, билансот на загинати во Израел, во нападот на Хамас, изнесува 1.200.