,,Израел направи грешка, и ќе биде казнет” Се огласи Ајатолахот Хамнеи: Направија уште една грешка (видео)

Обраќањето на иранскиот ајатолах Хамнеи е објавено на неговиот официјален профил на социјалната мрежа „Х“.

– Злонамерниот (израелски) режим, кој сам по себе е злобен и погрешен, додаде уште една грешка на сите грешки што ги прави, кога го нападна иранскиот конзулат во Сирија – рече ајатолахот Хамнеи.

Тој посочува дека конзулатите и амбасадите во секоја земја се сметаат за територија на државата на која и’ припаѓа амбасадата.

– Нападот на нашиот конзулат е напад на наша почва. Таквиот став е заеднички за целиот свет. Злонамерниот ционистички режим направи погрешен потег во овој случај. Тој треба да биде казнет и ќе биде казнет – рече ајатолахот Хамнеи.

Потсетуваме дека во текот на вечерта Иран изврши напад врз Израел користејќи неколку десетици дронови.

Десетици беспилотни летала летаат од Иран до Израел, а на беспилотните летала им требаат часови да го поминат тоа растојание.