Има само 90 години: Легендарната Џоан Колинс ја откри тајната на нејзината неверојатна фигура

За британската актерка Џоан Колинс, која многумина ја паметат како лошата Алексис Карингтон Колби од серијата „Династија“ која ги одбележа осумдесетите, годините се навистина само бројка.

Џоан Колинс , која оваа година го прослави својот „круг“, 90-ти роденден, се уште изгледа одлично, а добива бројни комплименти за нејзиниот младешки изглед.

Познатата Британка вели дека тајната за нејзината витка линија и добро здравје е редовното вежбање.

Таа вежба секој ден по половина час со својот физиотерапевт.

Џоан е сè уште многу активна и покрај годините и е многу зафатена, а никогаш не пропушта половина час вежбање со физиотерапевт, што им го препорачува на сите.

„Работев со физиотерапевт, што топло им го препорачувам на постарите мажи и жени кои сакаат да останат во форма. Обично го правам тоа по половина час на ден и сфатив дека тоа ми дава енергија“, изјави Џоан за списанието My Weekly .

Неуморната актерка наскоро ќе ја објави својата 19-та книга „Behind The Shoulder Pads: Tales I Tell My Friends“ , а наскоро ќе започне со снимање на нов филм во кој ја игра војвотката од Виндзор, Волис Симпсон .

Џоан откри дека филмот ќе ги следи подоцнежните години на војвотката по смртта на нејзиниот сопруг, поранешниот крал Едвард Осми, кој стана војвода од Виндзор по неговата абдикација. „Со нетрпение очекувам да направам нов филм за последните денови на Волис, војвотката од Виндзор. Се чини дека тоа би можело да започне веднаш штом ќе завршам со промоцијата на книгата“, изјави актерката која во претходно интервју откри дека планира да живее барем до 100 години.

Таа е уверена дека нејзината исхрана, нега на кожата и вежбањето ќе и помогнат да ја постигне таа цел.

„Пробав ботокс еднаш, пред многу години, и беше ужасно. Јас сум актерка и морам да можам да ги задржам изразите на лицето“, рекла Џоан и додала дека е важно да се јаде помалку.

„Не одете на диета, само јадете помалку. Ако треба да изгубите неколку килограми за да се вклопите во нешто, јадете варени јајца и брокула три дена. Ако мора да грицкате, јадете повеќе брокула. Вежбајте, морате, колку и да го мразите“, советува актерката и додава дека е многу важно да се грижите за здравјето на вашата кожа.