ИНСПИРАЦИЈА ЗА МНОГУ – „Девојка со крилја“ објави емотивно видео, покажувајќи како ја облекува ќерката со стапалата

Дејана Бачко, попозната на социјалните мрежи како „девојчето со крилја“, објави трогателно видео. Имено, таа покажа како со стапалата го облекува своето новородено девојче Лара.

„Пеперутка на мама“, навела во описот на видеото, а набрзо следеле бројни пофалби во коментарите.

„Честитки девојко. Голема пофалба за тебе“, напишал еден корисник на Инстаграм.

Секој што се жали на какви било дневни глупости нека го гледа ова“, додаде друг.

Дејана е родена без раце и стана инспирација за многумина бидејќи е доказ дека не треба да се откажувате во тешките моменти. Родена е во Нови Сад. Пораснала во домот Колиевка во Суботица. Потоа живеела со родителите во Бачка Паланка и се вратила во Нови Сад да студира.
Дипломирала на Академијата за уметности. Покрај тоа што е талентирана за сликање, таа постигна и спортски успеси, од кои најзначајно е што стана светска шампионка во паратаеквондо во 2019 година.

„Господ ми ги одзеде рацете, но ми даде голем талент за сликање. Како дете почнав да сликам, почнав да цртам и тоа ме исполнуваше во животот. Ме водеше низ животот, со волја и борба да се докажам на другите дека можам“, изјави таа претходно за РТС.