Итно се отповикува млекото „МИЗО 2,8%“: Агенцијата за храна и ветеринарство нареди да не се пие и да се врати таму каде што е купено

Агенцијата за храна и ветеринарство ги известува потрошувачите дека се повлекува следниот производ – млеко UHT MIZO 2,8% мм поради несоодветен квалитет и измама на потрошувачите (безбедноста на производите не е загрозена), односно поради утврдено присуство на масти од растителнo потекло.

Млеко со рок до 20.06.2023 година, со потекло од Лесковачка млекара, Република Србија, увезено и дистрибуирано од Бадев ДООЕЛ Кавадар, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Крајните потрошувачи кои го купиле горенаведениот производ со означен рок на употреба, да не го консумираат и да го вратат на местото каде што го купиле“, велат од таму.