И Лепа Брена ја резервира Арената во Загреб: „Ќе биде жешко како на Пријовиќ“

Лепа Брена отпатува во Загреб за да присуствува на концертот на нејзината колешка Александра Пријовиќ , но и да го промовира својот бизнис со чорапи. 

Пејачката изненади многумина кога денеска објави дека ќе пее во Арената во Загреб, но следната година.

Таа за ова ги извести своите следбеници преку Инстаграм, но и за хрватските медиуми изјавила дека ќе се видат за една година.

– Следната година на 06.12. ќе биде многу жешка атмосфера, како што беше со нашата мила Александра – рече Брена и наздрави.

Да потсетиме, нејзината колешка Александра Пријовиќ има повеќе од успешна турнеја во регионот наречена „Од исток до запад“, а моментално има серија концерти во Загреб, па многумина се надеваат дека Брена ќе и’ се придружи на сцената вечерва.