Кавадарци постави 18 агрометеоролошки мерни станици

Општина Кавадарци постави 18 агрометеоролошки мерни станици на локации во кавадаречка општина, информираа попладнево од Локалната самоуправа. 

– Со поставувње на мерните станици ќе се овозможи електронски мониторниг,  на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини на територија на општината, на лозаро – овоштарските насади. Измерените податоци од агрометеоролошките станици во реално време преку GPRS ќе се пренесуваат до серверот, каде што е поставен и софтвер на модел, за прогноза на болести на секоја култура. Обработените податоци ќе бидат прикажани на веб страна/мобилна апликација и фејсбук страница, каде што секој корисник ќе добива навремена информација за почетокот, траењето и интензитет на секоја болест или штетник, на секој култура одделно, соопштија од Општината. 

Приказот на инфекцијата, времетраењето и итензитетот ќе биде графички и табеларно, со што секој корисник на лесен и едноставен начин, ќе ги има сите информации за појавата и итензитетот на инфекција, како и на должината на инкубациониот период на болеста.

Агрометеорлошките мерни станици вршат мониторинг на болестите пламеница, пепелница, сиво гниење, жолт гроздов молец, сушење на цветовите, сачменка кај коскесто овошје, кадравост на лисијата кај коскесто овошје.