Келнер силувал Американка: По нападот во пицеријата, келнерот ѝ го украл паричникот и картичките на млада девојка од Њу Јорк

Во Истражниот центар на Жупанискиот суд во Дубровник при крај е судската истрага против келнерот С.П. (49), државјанин на Босна и Херцеговина кој живее во Требиње, – уапсен под сомнение дека силувал 20-годишна Амеруканка од Њујорк.

Ова го објави весникот ,,Дубровник”, кој ја пренесе изјавата на судијата Пер Милограва, портпарол на Жупанискиот суд во Дубровник.

– Злосторството силување е извршено во раните утрински часови на 12 јуни, недалеку од жичарницата и историскиот центар на градот, на верандата на пицеријата „Табаско“, кога келнерот извршил насилен сексуален однос врз млад Американка без нејзина согласност, што потоа го пријавила кај службениците во Полициското одделение Дубровник-Неретва. Потоа истражниот судија покренал итна истрага и веднаш ја испрашал Американката која требало да патува понатаму – изјави Милогслав.

,,Дубровник вјесник” дознава дека на келнерот од Требиње му е изречена мерка притвор до 30 дена поради опасност од бегство.

Се наведува дека Жупаниското државно обвинителство во Дубровник со решението за поведување истрага од 14 јуни 2023 година го товари промискуитетниот келнер за кривично дело кражба откако на Американката и’ гп одзел паричник со пари и две банкарски картички.