Клуни: Нема таква дрога што ќе ме натера повторно да го глумам Бетмен

Џорџ Клуни се појави во епизодна улога и во годинешното остварување „Флеш“ (The Flash). За неговото појавување од неколку секунди во филмот, како што вели, сакал да го носи истиот Бетмен-костим од претходно (познат по гумените брадавици).

– Прашав „Каде ми се брадавиците?“ Ми рекоа „Може ли без гумените брадавици?“ А, јас велам „Тогаш, не е мојот Бетмен, нели?“, се шегува 62-годишниот глумец.

„Бетмен и Робин“ има оценка од 3,8 / 10 на ИМДБ, една „Златна малина“ за најлоша споредна женска улога и неколку номинации за тие „анти-Оскари“. Од таа 1997 година, Бен Афлек е еден од глумците кои ја презедоа улогата на Бетмен, а Клуни призна оти во една прилика му порачал да не оди по неговите стапки.

– Всушност и разговарав со него за тоа. Му реков: „Немој да го правиш тоа“. Тоа го велам од моето искуство, откри Клуни, додавајќи дека Афлек (51), сепак завршил одлична работа.