Колку ќе заработува Иван Ракитиќ во Саудиска Арабија

Хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ се прости од Севиља и кариерата ја продолжува како играч на Ал Шабаб, а со клубот од Саудиска Арабија потпиша договор до летото 2025 година. Искусниот 35-годишен фудбалер ја напушти Шпанија по 13 години како играч на Севиља и Барселона.

Според Капологија, специјализирана веб-страница со неофицијални плати на фудбалерите, Ракитиќ во Ал Шабаб ќе заработува нешто повеќе од 15 милиони евра годишно.

Воедно ја престигна и белгиската ѕвезда Јаник Караско (30) кој за една сезона добива 13 милиони евра.

Ракитиќ и Караско се најголемите ѕвезди на Ал Шабаб, што покажува дека третиот најплатен добива околу 4 милиони евра.

Да потсетиме, Ракитиќ со 323 настапи е странецот со најмногу натпревари во историјата на Севиља, додека со 310 настапи за Барселона е четвртиот странец по бројот на настапи за каталонскиот клуб по Лионел Меси. Дани Алвеш и Хавиер Маскерано.

Кариерата ја започна во Базел, од 2007 до 2011 година го носеше дресот на Шалке, а потоа се пресели во шпанската Ла Лига која сега си замина.