Кортни Кардашијан го откри полот на своето бебе: Вака познатата старлета и нејзиниот сопруг ја објавија среќната вест (ВИДЕО)

Кортни Кардашијан (44) и нејзиниот сопруг Тревис Баркер (47) го открија полот на нивното прво заедничко дете.

Кардашијан објави видео на Инстаграм како седи во скутот на Тревис додека тој свири на тапани и ја објавува среќната вест. Еден куп сини конфети се креваа во воздухот, што означува дека парот чека момче.

За потсетување, Кортни веќе има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, а Тревис има две деца со поранешната сопруга Шенон Моклер.

Кортни и Тревис се венчаа три пати минатата година. Првиот пат беше во Лас Вегас, потоа направија голема венчавка во САД, а потоа организираа раскошна венчавка во Портофино. Баркер ја запроси Кортни во октомври 2021 година на плажа во Монтесито, Калифорнија.