Кучето нушкало наоколу и се заглавило во отворот за вентилација. Го извлекувале еден час (Фото)

Кучињата се многу љубопитни животни. Љубопитноста за малку ќе го чинела глава на кучето од Јужна Каролина. Имено, кучето Спајк ја заглавило главата во отворот за сушење во куќата на неговиот сопственик.

Според објавата на Фејсбук на полициската управа Самтер (која работела со противпожарната служба), Спајк на 30-ти ноември завршил во отворот за вентилација. Набргу по пријавата на местото на настанот пристигнале полицајци и пожарникари за да го извлечат кучето од опасна ситуација. „Спајк палавно нушкал и се заглави во отворот за сушење денес“, напишаа тие во објавата.

Службите за итни случаи успеаја да го извлечат Спајк. Тие го прошириле отворот за сушење и го повлекле миленичето назад во куќата, објави Фокс њуз. Акцијата траеше околу еден час. Во соопштението полицијата додава дека „среќното куче е ослободено од несреќните околности и добро се снаоѓа, веројатно бара нешто друго да направи денеска“.