Лајпциг без повредениот Нкунку против Манчестер сити

– Фудбалерот на бундеслигашот Лајпциг, Кристофер Нкунку, ќе отсуствува од терените до крајот на март поради мускулна повреда, јавија денеска германските медиуми

Францускиот фудбалер се повреди во петокот во финишот на натпреварот од 23 коло во Бундеслигата против Борусија Дортмунд, а со дополнителните прегледи е утврдено дека Нкунку ќе мора да паузира во следните три недели.

Повредениот Нкунку ќе пропушти неколку натпревари на Лајпциг во Бундеслигата, а нема да може да му помогне на тимот ниту за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампиони против Манчестер сити.

Првиот натпревар заврши нерешено 1-1, а реваншот е на програмата во Манчестер на 14 март.