Магдевски: Ќе се обидеме да ги искористиме нивните слабости

– Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Андреј Магдевски е подготвен да го даде својот максимум на претстојните два натпревари од третиот и последен ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2023.

– Немаме многу време да се подготвиме, но како е за сите така е и за нас. Моментално најважно е сите играчи што играа на Купот да успеат да се опорават и да бидат спремни за претстојните два натпревари. Што се однесува на репрезентациите на Словачка и Норвешка, добро ги познаваме. Ќе се обидеме да ги искористиме нивните маани и да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е преминување во наредна фаза од квалификациите. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво и се надевам истата ќе ја пренесеме и на теренот, изјави Магдевски.

„Црвено-жолтите“ утре гостуваат во Словачка, на 26 февруари ќе играат со Норвешка во Осло.