МАЛКУ ЛУЃЕ ЗНААТ ДЕКА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ИМА И РОДЕН БРАТ: Драган неодоливо потсетува на музичката легенда, а еве со што се занимава
Здравко Чолиќ е исклучително приврзан за родниот брат, а Драган живее и работи во Белград.
Малкумина знаат дека музичката ѕвезда Здравко Чолиќ има брат Драган , бидејќи популарниот пејач вешто ја крие својата интимност и семејството од јавноста .
Чола е многу приврзан за својот брат, а нивната љубов во детството ја создале нивните родители.
Драган Чокиќ избегнува јавни настапи, а живее во Белград каде што има синџир ќебапчилници.
– Направија се за да не поведат мене и брат Драган на вистинскиот пат и ни го дадоа најдоброто на нас двајца – изјави претходно Чола за „Стори“.
По смртта на нивната мајка, Здравко и неговиот брат Драган уште повеќе се врзаа, а она што е забележливо е дека многу личат еден на друг.
– Нашите родители направија се за јас и Драган да тргнеме на вистинскиот пат. Татко ми ми го купи првиот грамофон, првата гитара и се од една плата, бидејќи мајка ми беше домаќинка – изјави своевремено Чола.
Пред неколку години Драган наводно го купил оригиналниот рецепт за познатите сараевски ќебапи, а рецептот му го продал познатиот локален ќебапџија Хоџиќ.
Иако не сака да се покажува во јавноста, Драган и Здравко се многу блиски и секогаш кога Чола е во Белград, се труди максимално да го поминува времето со својот брат, но и со другите членови на семејството.