Мелони ги критикуваше Макрон и Шолц што не била поканета на вечера со Зеленски

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги критикуваше Франција и Германија дека не била поканета на вечера во Париз со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони во четвртокот ги критикуваше Франција и Германија дека не била поканета на вечера во Париз со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц се сретнаа со Зеленски во средата вечерта во Париз, пред самитот на Европската унија во четврток, објави Ројтерс.

Но, за разлика од минатата година кога тогашниот италијански премиер Марио Драги работеше рака под рака со Макрон и Шолц за прашањето за Украина, Мелони не беше поканета, пренесува Танјуг.

„Несоодветен потег“

Зборувајќи за новинарите при пристигнувањето на самитот во Брисел, Мелони, која ја презеде функцијата премиер во октомври минатата година, рече дека смета дека тоа е несоодветно.

Мислам дека нашата сила во оваа борба е единството“, истакна таа.

Мелони подоцна се сретна со Зеленски на маргините на самитот на ЕУ.

Запрашан да ја коментира нејзината изјава, Макрон рече дека смета оти вечерата организирана синоќа е соодветна.

„Како што знаете, Германија и Франција имаат посебна улога кога станува збор за Украина веќе осум години“, рече Макрон за новинарите, мислејќи на заедничкото посредување меѓу двете земји кои неуспешно се обидоа да спречат конфликт меѓу Русија и Украина.