Месут Озил беше слаб додека играше фудбал: Погледнете како изгледа денес

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил се повлече од играњето фудбал минатата пролет и оттогаш работи на трансформирање на своето тело. Во текот на кариерата Озил беше слаб, лесен играч, но во последно време тренира со тегови во теретана и резултатите се видливи. Тој објавува видеа и фотографии на Инстаграм.

Озил (35) кариерата ја помина играјќи на врвно ниво. Започна во Германија, играјќи за Шалке и Вердер, потоа се пресели во Реал Мадрид, а потоа во Арсенал, за да ја заврши кариерата во Турција. Со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во 2014 година.