МОМЧЕ ФАТИ МОРСКИ ЅВЕР ОД 3 МЕТРА ВО ЈАДРАНСКО МОРЕ: Ниту во најлудите соништа не очекувавме да наидеме на ВАКВО НЕШТО (ВИДЕО)

Филипо, момче (13) од Удине, Италија, улови триметарска ајкула недалеку од Истра во Јадранското Море.

Момчето кое е член на рибарскиот клуб „Линјано“ од истоимениот град на Јадранот, при неодамнешна вежба налетало на голема чекан ајкула .

Италијанските медиуми пренесуваат дека Филипо бил на тренинг во пресрет на италијанското првенство во лов на туна, кое ќе се одржи кон средината на мај во Виесте.

– Ниту во најлудите соништа не очекувавме да наидеме на чекан кој е познат по карактеристичната опашка што го зашеметува и совладува пленот – изјави таткото на Филип.

Ајкулата долга три метри тежела повеќе од 100 килограми, а момчето на крајот ја ослободило.

Чеканите обично не ги напаѓаат луѓето, но ако се ранети или загрозени, тие се обидуваат да се ослободат со силни удари од опашката.