Мурињо до играчите на Рома: Кога ќе бидете мажи, вратете ми го прстенот!

Жозе Мурињо е разочаран од начинот на кој мораше да ја напушти Рома.

Клубот на Олимпико го отпушти минатиот месец по серијата лоши резултати во првиот дел од сезоната, поради кои тимот падна на деветтото место во Серија А.

Во меѓувреме по неговото заминување забележаа три победи во низа и скокнаа на петтата позиција.

Од ден на ден се појавуваат нови детали во приказната за заминувањето на Мурињо, а најновите велат дека тој се чувствува изневерен од играчите.

Како што објави Il Mesaggioro, Мурињо им го вратил на играчите прстенот што му го дале кога заедно ја освоиле Конференциската лига во 2022 година.

Тие потоа го наградија со прстен, сметајќи дека е соодветен начин да му се оддолжат за сето она што го направи со нив таа сезона.

Меѓутоа, по заминувањето од Рим, Мурињо го вратил прстенот и го оставил во соблекувалната каде се чуваат работите на капитенот Лоренцо Пелегрини.

Со тоа им остави соодветна порака на играчите.

Кога ќе бидете мажи, вратете ми го !“, им рекол Мурињо.

Во меѓувреме, неговите пријатели открија дека тој има амбиции да се врати на кормилото на Манчестер Јунајтед, тие рекоа дека им рекол „таму има незавршена работа и си поставил мисија да се врати таму“.