Му роди четврто дете, а тој ја изневери со друга; Познатиот спортист ја бакнува најзгодната јавачка 

Поранешниот професионален рагби играч Стјуарт Вилијам Хог неодамна се разведе од сопругата Џилијан Хог, само неколку дена откако таа го роди нивното четврто дете.

Сепак, Стјуарт не чекаше долго по разводот, туку веднаш најде замена и беше фатен со, како што ја нарекуваат странските медиуми, најубавата професионална јавачка Леони Мејор во спа центар.

Неименуван извор за „Сан“ истакнал дека Жилијан го напуштила семејното гнездо, а четирите деца ги однела да живеат кај родителите.

„Зилијан е со скршено срце. Колку повеќе таа жена треба да страда? Последното нешто што секоја нова мајка би сакала да го види е таткото на нејзините деца како се фали со својата нова врска на социјалните мрежи. Таа едноставно не може да престане да размислува за тоа како можеше токму сега да и го направи тоа, пишува The Sun.

Иако не е познато како се запознале Стјуарт и Леони, мештаните велат дека тие двајца се познаваат долго време, и дека редовно го посетуваат истиот паб.