Намалете ја нивната потрошувачка: Овие четири видови храна го зголемуваат ризикот од мозочен удар

Мозочниот удар е една од водечките причини за смрт, а се јавува кога протокот на крв во мозокот е прекинат, што обично се должи на пукање на крвен сад или згрутчување.

Еден од многуте фактори кои можат да го зголемат ризикот од мозочен удар, на кој можеме да влијаеме, е исхраната. Затоа лекарот Џонатан Цајлингер откри која храна треба да ја избегнуваме за да го намалиме ризикот од срцев удар.

„Заситените и транс мастите се клучни виновници и вклучуваат храна како преработено месо како колбаси и хамбургери, путер, бисквити и пржена храна“, истакна Цајлингер.

Сепак, ова не се единствените намирници што треба да ги избегнувате. Имено, тој истакнува дека високиот крвен притисок може да доведе и до мозочен удар, па затоа е добро да се избегнува високото внесување сол, а најголема концентрација на сол има во чипсот и сувото месо.

Покрај тоа, тој наведува дека високиот внес на шеќер е еден од клучните фактори на ризик за мозочен удар, делумно поради неговата поврзаност со дебелината и дијабетесот, кои предизвикуваат оштетување и воспаление на артериите.

Цајлингер препорачува зголемување на внесот на зеленчук и овошје. Тој наведува дека се повеќе истражувања покажуваат дека поголемата консумација на овие намирници доведува до намалена стапка на мозочен удар. Се верува дека зеленчукот и овошјето го намалуваат крвниот притисок и содржат бројни антиоксиданси кои помагаат во заштитата на артериите.