НАСА го одложи првото слетување со екипаж на Месечината по повеќе од 50 години: Летот одложен за 2026 година

Американската национална аеронаутичка и вселенска администрација (HАСА) вчера објави дека првото слетување на луѓе на Месечината по повеќе од 50 години ќе биде извршено во 2026 година, а не во 2025 година, како што беше претходно планирано.

НАСА изјави дека астронаутите ќе мора да почекаат следната година пред да летаат на Месечината и уште неколку години пред да слетаат на неа, пренесува АП.

Американската вселенска агенција планираше да испрати четворица астронаути околу Месечината подоцна оваа година, но летот беше одложен за септември 2025 година поради технички проблеми.

Објавата беше објавена набргу откако Astrobotic Technology се откажа од обидот да го спушти своето вселенско летало на Месечината поради истекување гориво. Сондата требаше да служи како извидник за астронаутите.