На Табанoвце за влез во Македонија треба околу еден час

Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштуваат дека сообраќајот во државата се одвива континуирано и по суви коловози.

Од таму информираат дека сообраќајот надвор од градските средини се развива со висок интензитет.

„На граничниот премин Табановце за влез во државата се потребни околу еден час, додека на граничниот премин Богородица за излез од државата се потребни околу 30 минути.

На другите гранични премини нема долго чекање за влез и за излез од државата“, се вели во соопштението на АМСМ.

Од таму им препорачуваат на возачите да внимаваат на брзината на возилата, особено по котлините во земјава каде може да има одрони.