Нова рунда разговори САД – Куба

 – На 12 април во Вашингтон ќе се одржи нова рунда преговори за миграцијата помеѓу САД и Куба, најавија американските власти.

Слична средба беше одржана во ноември минатата година во Хавана, една година откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден го рестартираше дијалогот со официјална Хавана, што беше суспендиран за време на неговиот претходник Доналд Трамп.

Амбасадата на САД во Хавана продолжи со издавање визи и други конзуларни услуги во јануари оваа година по пауза од 2017 година.

Во исто време, администрацијата на Бајден се подготвува за укинување на граничните блокади воведени за време на избувнувањето на пандемијата на Ковид-19, што ги спречи Кубанците да влезат во САД од Мексико.