Новинарите го прашаа Лавров за најавата на Макрон дека ќе ја испрати војската во Украина, а ова е неговата реакција (ВИДЕО)

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се насмеа на новинарско прашање да ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за можното испраќање војници на НАТО во Украина!

Поголема група новинари го опколија шефот на руското МНР по економскиот форум во Анталија во обид да поставуваат прашања. Еден од дописниците го праша Лавров што мисли за изјавата на францускиот претседател.

– Господине Лавров, што имате да кажете за најавата на францускиот претседател Макрон дека ќе ја испрати војската во Украина – го праша новинарот шефот на руската дипломатија.

Меѓутоа, Лавров наместо да одговори, се насмеа.

– Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се насмеа на прашањето за предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање војници на НАТО во Украина – пренесува ТРТ.

Лавров подоцна на прес-конференција рече дека британски и француски офицери веќе се во Украина.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека ЕУ се согласила да создаде „деветта коалиција за длабоки удари“ со снабдување на Украина со ракети со среден и долг дострел. Тој исто така рече дека Франција ќе направи се за да ја спречи Русија да победи во војната, додека според него лидерите на западните земји разговарале за можноста за испраќање војници во Украина, но се уште не е постигнат консензус.

Неколку лидери на НАТО и ЕУ рекоа дека не планираат да испратат свои војници во Украина. Истата изјава ја даде и американскиот Стејт департмент, мислејќи на претседателот Џо Бајден. Претставникот на Стејт департментот Метју Милер нагласи дека секоја земја сама ќе одлучи дали ќе испрати воен персонал во Украина, додека шефот на Пентагон Лојд Остин рече дека поразот на Украина во сегашниот конфликт ќе доведе до воен конфликт меѓу НАТО и Русија.

Макрон, кој се најде на удар на критиките за разговорот за можноста за испраќање војници во Украина, подоцна рече дека сите негови коментари за конфликтот во Украина биле внимателно разгледани.