Обединетите нации предупредуваат: “Руските напади врз украинските пристаништа во Црно Море се ризик за глобалната безбедност на храната!“

Руските напади врз украинските пристаништа на Црното Море претставуваат ризик од големо влијание врз глобалната безбедност на храната, а особено за земјите во развој“, изјави заменичката-генерален секретар на Обединетите нации за политички прашања, Розмари Ди Карло.

Таа истакна дека заканите за потенцијални напади врз цивилни бродови во водите на Црното Море и од страна на Русија и од страна на Украина се неприфатливи.

Мора да се избегнат какви било ризици од избивање на конфликт како резултат на воен инцидент во Црното Моро бидејќи тоа може да има катастрофални последици за сите нас“, нагласи Розмари Ди Карло.