,,Ова е само почеток” – Портпаролот на ИД откри за што израелските сили го користат прекинот на огнот во конфликтот со Хамас (фото/видео)

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го користат четиридневното примирје со палестинското милитантно движење Хамас за да ја подготват следната фаза од нивната операција во Појасот Газа , изјави портпаролот на ИД, Даниел Хагари.

– Во текот на денот на примирјето, ИД ќе ја заврши подготовката за следните фази од војната –  рече Хагари на редовниот брифинг со новинарите. 

По вчерашното ослободување на 13 израелски и 11 странски заложници, тој изјавил дека на сите им била извршена медицинска евалуација и дека нивните животи не се во опасност, пренесува Jerusalem Post.

Хагари додаде дека враќањето на заложниците е „морална должност“ на Израел и дека „не смееме да заборавиме дека секој од нив сè уште има член на семејството или роднина кој е убиен или е во заробеништво во Газа“.

Во врска со договорот за прекин на огнот со Хамас и дополнителните заложници што се очекува да се вратат во наредните денови, Хагари рече дека ова е само почеток.

– Ние сме на почеток на процесот и се подготвуваме да продолжиме со спроведувањето на договорениот план за враќање на заложниците –  изјави портпаролот на ИД.