ОД ЅВЕЗДИТЕ ДО РАМО: Торба направена од метеорит стар над педесет илјади години (ФОТО)

Замислете да носите парче од универзумот со себе каде и да одите – ова повеќе не е само фантазија!

Необичната чанта е целосно направена од делови на метеорит кој паднал на земјата пред педесет и пет илјади години. Висината е дваесетина сантиметри, тежи околу два килограми и чини нешто повеќе од четириесет илјади евра.

Метеоритот е пронајден на југот на Франција пред педесет и пет години, а бил издлабен пред неколку недели. Тој го претставува главниот материјал на новиот додаток на париската модна куќа „Коперни“. Не е познато колку парчиња се произведени во оваа колекција, но се вели дека секоја чанта ќе биде суптилно различна една од друга и дека секој купувач ќе добие сертификат за автентичност. Рефундирањето нема да биде возможно поради „уникатна природа на нарачување“ на производот.

“Чантата е спој на археологија, дизајн, класична и примитивна уметност. Секое парче е рачно изработено, така што изгледот може да варира од едно до друго. Метеоритот што ќе се користи за да се направи ќе зависи од видот на нарачката, како и место од кое е ископан“, ѝ порачаа на јавноста претставниците на брендот.

Не е познато како дизајнерите на модната куќа, Себастијан Мајер и Арнауд Вајон, дошле до овој уникатен материјал, ниту пак каде се чувал метеоритот во последните пет децении. Многумина веруваат дека е купен од приватен колекционер или музеј.

Метеорит е дел од метеорит кој не изгорел во атмосферата на Земјата при паѓање од вселената и најчесто е од карпест или железен состав. Реакциите на корисниците на социјалните мрежи за чантата беа различни, но јавноста најмногу беше фасцинирана од дизајнот. На почетокот, многумина мислеа дека е изманипулирана од текстил или кожа за да изгледа само како камен.

‘Тоа е одлично. Може да се користи и како оружје доколку некој се обиде да ве ограби“, пишува еден корисник на Инстаграм.

„Коперни“ е бренд познат по својот иновативен пристап кон модниот дизајн и употребата на неконвенционални текстилни материјали. Освен метеорити, неодамна покажаа и целосно проѕирни кеси, направени од стакло. Минатата година имаа успешна модна ревија која брзо стана вирална, откако употребија текстил со спреј и креираа фустан на модел како дел од настапот.