Откриено кој го подметнал пожарот во Грција – полицијата му застанала на патот, а потоа ја почувствувал раката на законот!

Изминативе неколку дена опасни пожари беснеат низ цела Грција

Пожарот избувнал денеска напладне , а мештаните забележале дека нешто се случува кога во споменатото село се појавил густ чад. Пожарникарите брзо реагирале, по што било утврдено дека пожарот избувнал на нива со сува трева.

Противпожарната единица била на терен со шест возила, кои по неколку часа успеале да го изгаснат пожарот. Според информациите до кои дојде „pelop.gr“, пожарот во Саравали го подметнал пчелар, кој е казнет со 750 евра.

По гаснењето на пожарот, продолжува кривичната постапка против осомничениот чиј идентитет не е познат.