Палевски уапсен во Турција: Министерот за внатрешни работи ги откри деталите за грозоморното злосторство! Монструмот најпрвин се креил во хотел во Белград

Љупче Пелевски, осомничен за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, е уапсен вечерва во Турција , беше соопштено на вонредна прес-конференција.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги откри деталите за криминалот што го потресе целиот регион. Спасовски рече дека Палевски преку Србија и Бугарија преминал во Турција.

– Со автомобил бил донесен во Белград и оставен во хотел. Потоа преку Бугарија бил пренесен во Турција во градот Баликесир. Нашите полицајци се сретнале со нивниот оперативен извор, кој ги известил дека осомничениот оттаму сакал да замине во Истанбул и дека се договорил со таксист. Тој остана во Баликрсир каде што беше уапсен на улица. Тоа беше последната алка од грозоморниот чин што недостасуваше за да може да се каже дека го решивме случајот. Постапката за екстрадиционен притвор е во рацете на Министерството за правда, а потоа тој ќе се појави на суд. Затоа правдата треба да биде брза и целосно спроведена – рече Спасовски на прес-конференцијата.