Поединечните средби завршија, се чека средбата меѓу Вучиќ и Курти со претставниците на ЕУ

Во Охрид се одржа средба на еврокомесарот за надворешна политика и безбедност, Јозеп Борељ, и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Потоа следеше разговор со премиерот на привремените институции во Приштина Аљбин Курти, а потоа беа планирани трилатерални разговори. На покана на европската шефица на дипломатијата, во Охрид се разговара за договор за имплементација на европскиот предлог.