Психолог предупредува на однесување кое открива дека детето ќе биде нарцисоидно кога ќе порасне

Психологот Елинор Гринберг долги години ги проучува нарцисоидните нарушувања на личноста.

Како што наведува таа, треба да се погледне во однесувањето на – родителите.

Поточно, децата кои се воспитуваат на одреден начин најверојатно ќе пораснат во нарцисоидни луѓе. Таа тврди дека одредени односи родител-дете во раното детство може да предизвикаат нарцисоидно растројство на личноста во зрелоста, а еден од нив е особено штетен.

Гринберг предупредува дека најмногу склони кон ова нарушување се децата кои пораснале во семејства каде што или не добивале доволно внимание и љубов од родителите или добивале премногу внимание. Како што кажува таа, децата кои често биле запоставени од родителите имаат висок ризик да станат нарциси кога ќе пораснат, а истото се случува и со децата кои биле премногу сакани од нивните родители. Најчесто тоа е „златното“ дете во семејството, кое родителите често го издвојувале од другите деца и најмногу го гледале.

„Децата кои или не добивале доволно внимание од нивните родители или добивале премногу внимание имаат најголем ризик од нарцисоидно растројство на личноста, бидејќи тие бараат внимание цел живот, а тоа влијае на нивните односи со другите луѓе. Најчесто се фокусирани исклучиво на себе и на своите потреби, а им недостига емпатија и сочувство кон другите“, додава психологот.