Разрешен директорот на Фудбалскиот сојуз на Белгија поради зголемување на платата

Белгискиот фудбал минува низ турбулентен период по Светското фудбалско првенство 2022 во Катар, на кое репрезентацијата на оваа земја, иако претставувана како една од фаворитите, испадна од првенството уште во групната фаза.

Питер Босаерт, извршниот директор на Фудбалскиот сојуз на Белгија, доби отказ поради зголемување на платата без одобрение од управата, известува Анадолу.

Управниот одбор на Федерацијата се состана за да расправа во врска со тужбата против Босаерт, а по состанокот е соопштено дека тој е разрешен од функцијата. Босаерт на функцијата извршен директор беше од 2018 година.

Претседателот на Сојузот, Пол Ван ден Булк, изјави дека му е незгодно поради обвинението, па со адвокатскиот тим договорил финансиска ревизија, по што е заклучено дека договорот на Босаерт бил во спротивност со етичките правила и интерни прописи.

Белгискиот фудбал минува низ турбулентен период по Светското фудбалско првенство 2022 во Катар, на кое репрезентацијата на оваа земја, иако претставувана како една од фаворитите, испадна од првенството уште во групната фаза. Доменико Тедеско го замени поранешниот селектор Роберт Мартинез, а сменети се и некои имиња во управата.