Русија е подготвена: Произведува „мала армија“

Русија е подготвена да лансира нова индустрија – производство на беспилотни воздушни системи, најави вицепремиерот на Русија, Андреј Белоусов.

Ова го изјави на форумот „Архипелаг-2023“ што се одржа во Новосибирск.

„Архипелагот покажа дека сме подготвени да започнеме нова индустрија. Немаме сè, но можеме да ги направиме сите модели, на ниво на демонстратор. Ја имаме речиси целата линија, можеби со исклучок на одредени компоненти. И. Ако зборуваме за линијата на беспилотни воздушни системи, тогаш таа е речиси завршена“, рече тој.

Белоусов нагласи дека домашните примероци на дронови се на светско ниво, а некои се и повисоки од светско ниво.

„Открив дека имаме производители на мотори кои се барани кај странските партнери“, објасни вицепремиерот и додаде дека и покрај тоа има многу работа во оваа индустрија.

Според него, Русија до 2024 година треба да достигне производство на 18 илјади големи и средни цивилни беспилотни летала на годишно ниво.

„И тоа без да се земат предвид беспилотните летала со тежина помала од 1 кг, од кои ќе има десетици илјади“, објасни Белоусов.