Руската армија со ракети го погоди блокот на колективните згради во Харков, се наведува дека едно лице загинало

Руската армија изврши напад на колективни згради во градот Харков, кој е втор по големина во Украина.

Како последица на ова, едно лице го загубило животот, кога руските ракети го погодиле блокот на колективните згради.

Ова го потврди и Олех Синехубов, регионален гувернер, кој рече дека се уште не е познат бројот на повредени лица и оние кои можеби биле заглавени под урнатините.

Засега се потврдени три повредени лица, но според Синехубов има и многу други кои се заглавени под урнатините.

„Непријателските ракети го погодија блокот на колективните згради во центарот на градот“, додаде регионалниот гувернер.

„Првите индикации се дека се работи за ракети од ракетниот систем Ц-300“, рече меѓу другото Синехубов.