САД и Велика Британија забранија увоз и трговија со метали од Русија

Во САД од денеска е забранет увоз на алуминиум, бакар и никел од руско потекло. Забраната е дел од дополнителните санкции преземени заедно со Велика Британија за да се намалат приходите на Москва, што ги користи за војната против Украина.

Забраната предвидува о Лондонската берза за метали (ЛМЕ) и Чикашката трговска берза (ЦМЕ) нема да можат да прифатат алуминиум, бакар и никел произведени во Русија.

Металите се главната извозен артикл по горивото, иако обемот е намален по руската инвазија врз Украина. Рускиот извоз на метали се намали од 25 милијарди долари во 2022 година на 15 милијарди долари во 2023 година „поради напорите на Г-7 и нејзините сојузници да го ограничат пазарот.